Наслов

Одбележан Светскиот ден на двете древни кинески вештини,Таи Чи Чуан и Чи гонг

Таи Чи Чуанот и Чи Гонгот се древни кинески вештини познати како „брат и сестра", бидејќи не можат една без друга.

Идеолошки се сместени во срцето на таоизмот, кој како филозофски правец се движи по линијата на умереноста, поради што е познат и како „Средниот пат"

Светскиот ден на Таи Чи Чуанот и Чи гонгот се одбележува од 1999 година со цел овие кинески вештини чија суштина произлегува од темелите на кинеската традиционална медицина, постигнат повисок степен на популаризација низ земјите ширум светот. Така овој ден се прославува секоја последна сабота од месец Април од 10 до 12 часот напладне.

Целта на одбележувањето е да се промовира важноста на превенцијата кога е во прашање унапредувањето на квалитетот на психофизичката здравствена состојба на човекот.
Како и секоја година, така и оваа година клубот Феи Лонг традиционално ја вклучи и Македонија во одбележувањето на овој светски настан. Во едно преубаво предвелигденско расположение се собравме во Градскиот парк и на најдостоинтсвен начин направивме една презентација на овие древни кинески вештини.

30 Април 2016

За авторот