Наслов

Започна Бизнис фудбалската лига во С.Ц. Борис Трајковски

Оваа година стартот на Бизнис фудбалската лига на Македонија  кој се одржа во С.Ц Борис Трајковски го одбележаа компаниите One и Dominos Pizza, со убедлива победа на One.

Во прилог следуваат резултатите и краткото резиме од натпреварите...

Dominos Pizza 0-6 (0-3) One

Dominos Pizza: /
One: Дарко Таневски 9', 35', Славчо Петровски 11', 30', Јане Плавевски 20', 32'

Новакот во Бизнис Лига Dominos Pizza во првиот период не се снајде во нападот против екипата на One. Искуството кое го имаше екипата на One дозволи да пружи сигурна игра од која во изгледни ситуации поентираше. На полувремето се отиде со 0-3. Во вториот период екипата на One прикажуваше се подобра и подобра игра и не и дозволи на екипата на Dominos Pizza да се врати во натпреварот. На крајот екипата на One славеше со убедливи 0-6.

Eurolink и ЕЛЕМ ги поделија бодовите..

Eurolink 3-3 (2-2) ЕЛЕМ

Eurolink: Јовче Зузаровски 11', 13', 35'
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 3', Жан Ристевски 15', Менде Фидановски 33'

Бевме сведоци на потполно изедначено прво полувреме. И двете екипи го даваа својот максимум на теренот, не допуштајќи ниедна резултатски да се одлепи. На полувремето се отиде со 2-2. И во второто полувреме продолжи неизвесноста. Со одлична игра, како во нападот така и во одбраната, и двете екипи се бореа да стигнат до бодовите, кои на крајот ги поделија. Крај 3-3.

Шампионот шампионски против Општина Карпош..

Општина Карпош 0-4 (0-3) Македонски Телеком

Општина Карпош: /
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 5', Влатко Причков 13', Веселин Крстевски 19', Агрон Пацоли 23'

Екипите на Општина Карпош и минатогодишниот првак одиграа натпревар во кој преовладуваше фер плеј играта, како од едната така и од другата страна. Искуството беше на страната на екипата на Македонски Телеком која не дозволи во ниеден момент натпреварот да се доведе во прашање, ја имаше целосната контрола и извојува победа од 0-4. Полувреме 0-3.

16 Октомври 2013

За авторот