Наслов

Од Анталија се враќаме со златен медал

Македонската репрезентација во Kик бокс од светското првенство во Анталија се враќа со 1 златен медал .

Димитар Ѓорѓиев -74кг во кик лајт дисциплината , златното момче од светското првенство во Скопје 2011 год го повтори успехот.

До златниот медал дојде победувајки ги натпреварувачите од Латвија , Молдавија и Турција . Во финалната борба Полскиот натпреварувач беше немоќен пред прецизните удари на Димитар и доминацијата низ сите три рунди. Златниот медал беше освоен со 3:0.

Овој успех можеше да биде уште поголем , но спортската среќа не им беше наклонета на останатите членови на Македонската репрезентација.

Ненад Манојловски победувајки ги натпреварувачите од Алжир и Бразил стигна до борбата за бронзен медал. За еден поен поради судиска неправда остана без медал на големио разочарување на сите од Македонската делегација.

Милан Кубин , Далибор Огнанов , Кристина Стојчевска и Стевка Јанковска победија во квалификациите , а понатаму само нианси ги одалечија од медалите . Сите се пласирани меѓу првите осум во светот , а подетални информации околу истото ќе Ви доставиме по објавување на официјалните резултати.

07 Декември 2013

За авторот