Ново столче за стоење

Со сè побројните сознанија за тоа како долготрајното седење ни го упропастува целото наше тело (индиректно и умот), сè повеќе луѓе се префрлаат на „поздрави” алтернативи како физио-топка или стол со физиотопка, но и на стоечки бироа. Кога сме кај стоечките бироа, еве ја иднината на столчињата кои се наменети за стоење. 

Идејата на сите алтернативи кои се користат наместо „удобните” канцелариски столчиња, од физиотопките и столчињата со физиотопка, па сè до високите стоечки бироа во современите канцеларии е да се неутрализираат бројните штетни последици кои седењето ги прави врз нашето здравје. 

Огромен број на студии го поврзуваат повеќечасовното седење со бројни здравствени негативности и последици кои сериозно се одразуваат врз нашето целокупно здравје, битие, состојба и ум и тука апсолутно нема што да се говори. Едноставно сите ние треба да пронајдеме начин како да го намалиме или пак веќе ако се мора да го промениме начинот на кој седиме. 

Стоечките, високи бироа се сè повеќе атрактивни во западниот свет, па голем број на канцеларии се опремени со токму вакви „шанк” бироа на кои човекот работи во целосно исправена позиција. Проблемот со нив, (од прва рака имаме пробано и ние) е тоа што после одреден период статичната стоечка позиција предизвикува проблем во колковите и колената, па често ви треба размрдување или па навистина малку да седнете. 

Идејата позади The Level, новиот концепт на столчето за стоење е токму размрдувањето на стоечката позицијата во која се наоѓате и ослободување од здрвеноста. Дизајнот потестува на некои реквизити кои се користат во тренинг методите за подобрување на балансот па така кога стоите на него тоа ви дава сосема мала дестабилизација на телото колку што е доволна за да си ги размрдате различните партии од нозете, трупот и целото тело. 


100 посто ќе ве интересира – БАЛАНСИРАЈ СИ ГО ЗАДНИКОТ


Впрочем, сите овие реквизити кои се користат во контраст на обичното седење алудираат на концептот на активно седење каде што телото па барем и во најмал негов дел се раздвижува и се овозможува проток на крв во најзасегнатите и згмечените делови, а тоа е скоро целиот ваш физички храм. 

Ако немате можност за било кој од овие реквизити за активно седење, правете што почести паузи од вашето обично столче, размдувајте се и измислувајте причини за да се прошетате до кај вашите колеги и движете се повеќе. Сево ова е во функција за вашето здравје.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија