Новите еко патики на Адидас

Веќе некое време спортскиот гигант Адидас соработува со организацијата Преговори за океанот”, посветена на намалување на отпадот во водите, а плодот од нивната соработка е тоа што пластиката од океаните сега може удобно да ги краси вашите стапала…

 

Минатата година од оваа соработка беше презентитан само 3Д прототип на патиките, но годинава се гледа вистинска промена во индустријата каде Адидас започнаа со помасовно производство на моделот UltraBOOST Uncaged Parley како што тие ја нарекуваат првата масовно произведена патика изработена од рециклирани матерјали.

Веќе кон средината на ноември во продавниците ќе може да се купат патики направени од пластика собрана од океаните, иако во прилично ограничен број од само 7000 пара, и по не толку ниска цена од 220 долари.

Горниот слој од патиката 95% е направен од пластика собрана околу Малдивите, а останатиот дел е произведен од рециклирани материјали.

Сепак Адидас има големи планови за иднината и планира да произведе 1 милион вакви патики до крајот на 2017 со што ќе има импакт врз намалувањето на пластичниот отпад во океаните, а крајната амбиција на фирмата е пластиката што ја употребува целосно да ја замени со рециклирана пластика.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија