Нирмал Пурја ја искачи „Хималајската Круна” за рекордно време

Денеска на 29 октомври во 9 часот по локално време, Непалецот Нирмал Пурја успеа да се искачи на најнискиот и за него последниот од 14-те врвови повисоки од 8000 метри во рекордно време.

Нирмал Пурја е 36-годишен Непалец, поранешно воено лице во редовите на Гурка и британската армија кој оваа година го започна неговиот проект насловен како „Project Possible 14/7„ во слободен превод како „Возможниот Проект 14/7”.

Проектот опфаќа искачување на т.н. „Хималајска круна”, одсносно сите врвови повисоки од 8000 метри кои се наоѓаат во појасот на Хималаите и Каракорум за помалку од 7 месеци што претставува исклучителен физички, психолошки но и логистички и финансиски предизвик.

Иако обидите за брзинско искачување на овие врвови биле реткост, треба да се напомене дека претходното наjбрзо време за искачување го имаше Кореецот Ким Чанг-Хо кој во 2013 го направи подвигот без суплементарен кислород и во времетраење од 7 години 10 месеци и 6 дена. Рекордот на Чанг-Хо беше само 1 месец побрз од легендарниот Јежи Кукучка чии рекорд стоеше уште од 1988-година – близу 27 години, а воедно тоа беше и второто успешно комплетирање на „Хималајската круна” во историјата.

Пурја за разлика од овие алпинисти користи суплементарен кислород поради самиот факт што овие врвови се вметнати во екстремно тесен распоред. Во текот на годината тој имаше три качувачки фази каде во Април-Мај искачи 6 врвови, од 3 до 26 јули уште 5 (врвовите сместени во Каракорум) и во есенскиот дел Септември-Октомври тој ги искачи последните 3 – Чо Оју, Манаслу и Шишапангма.  Сето ова тој успеа да го направи во времетраење од шест месеци и шест дена.

Пролетта на 24 мај тој воедно успеа да го сруши рекордот за најбрзо искачување на Еверест, Лоце и Макалу со 2 дена и 30 минути. Во тимот се вклучени и му помагаат исклучително искусни и силни качувачи од Непал.

Во интервју за Експлорерсвеб тој открива дека следна цел му е К2 во зима.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија