Наслов

Николоска ги измери силите со Хусеинова

Џудистката Катерина Николоска иако имаше победа до пред самиот крај на мечот против Хусеинова (Азербејџан), на 6 секунди до крајот по една акција на домашниот натпреварувач, ја загуби борбата. Катерина имаше водство од 1:0, Хусеинова изедначи на 1:1, но и со овој резултат Катерина ја имаше победата.

Добар настап на Катерина Николоска и навистина голема штета за пропуштената шанса за прва победа на ови Европски игри кои во исто време се водат и како Европско првенство во џудо. Предстои период на уште понапорна работа на Катерина Николоска. Нејзината напорна работа мора наскоро да донесе резултат. Веруваме во Кате.

26 Јуни 2015

За авторот