Неданоски се спушти 866 метри под земја

Откако изминатиот период беше дел од спелеолошката експедиција „Северен Велебит” во Хрватска, нашиот млад спелеолог Дарко Неданоски успеа да се симне во Словачката јама на длабочина од 866 метри и да мине 4 дена во истата. Тој воедно и стана првиот македонски спелеолог кој отишол на оваа длабочина. 

Иако условите во Словачка Јама сместена во еден од најбогатите спелеолошки локалитети на Балканот – Велебит во Хрватска, се промениле и ги пореметиле плановите на експедицијата во која учествуваше нашиот млад спелеолог Дарко Неданоски, тој успеа да се симне на длабочина од 866 метри и да мине 4 дена во овие услови.

Со достигнување на оваа длабочина Дарко стана првиот Македонец кој се спуштил во толку длабока пропаст. Досега, тој (во интевју за Дневник) вели дека посетил околу стотина пештери, а претседателот на спелеолошкото друштво „Златоврв”, Марјан Темовски вели дека Дарко е еден од најактивните спелеолози во Македонија. 

Најдлабоката пропаст во Македонија се вика „Словачка јама” која се наоѓа на Караџица, а досега е истражена до длабочина од 610 метри иако системот има многу поголем потенцијал. Покрај оваа јама постојат и бројни други пештер и пропасти како „Врело”, „Шаркова дупка”, „Самотска дупка” итн, кои претставуваат одличен потенцијал за развивање на оваа активност и овој вид на туризам кај нас. 

Доколку некој од вас е заинтересиран за посета на ваква активност, тогаш наредниов период спелеолошкиот клуб „Златоврв” и Спелеонуркачки клуб „Ботом Тајм” ќе организираат неколкудневен спелеолошки камп на Галичица – информирајте се повеќе ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија