НАСА со детални информации за 14-те највисоки врвови во светот
Статијава почнува вака: Ако Француската Академија на Науките во 1793 година ја направеше должината на метарот нешто помала од еден десет-милионити дел од дистанцата меѓу Екваторот и Северниот пол, тогаш на светот можеби и ќе имаше повеќе од 14 врвови повисоки од 8-илјади метри над морето. Вака, мерката си е таа, а врвовите се тие.
„Четиринаесет е број кој ги притиска планинарите до точка на опсесија. Тој е доволно голем за да биде постигнат единствено од најамбициозните, но во исто време тој е и доволно мал, со што постигнувањето на истата цел е изгледна во текот на еден животен век. Дури и во Америка, земја каде луѓето го избегнуваат метричкиот систем, планинарите сонуваат за искачување на 8-илјадарка. Она „дваесетишест-ијлади, двеста-четириесет и седум стапки” ни од близу ја нема истата енергија.”
Досега имаме пишувано неколку статии за 14-те највисоки врвови на светот – ОСУМ – ИЛЈАДАРКИТЕ НИЗ ОБЈЕКТИВ (ГАЛЕРИЈА) / ПРВАТА 14КА БЕЗ КИСЛОРОД – кои сите се наоѓаат во хималајскиот масив, но оваа огромна и одлична збрика на информации од страна на НАСА беше предобра за да не се спомене и поврзе со нашите читатели.
Истата е на англиски јазик и изобилува со секакви инфомации и подробности за врвовите.
Ајде КЛИКна читање