Наслов

Накратко за „Вегефест 2013“ (видео)

Скопје ВегеФест и втора година по ред покажа дека во Македонија има вегани и луѓе кои се стремат кон здрав живот!

ВегеФест е првиот и единствен фестивал за промоција на веганска храна во Република Македонија, затоа што главната цел е да се докаже дека ова поднебје изобилува со свежи и здрави производи.

Почетоците на ВегеФест во Македонија од скромни собирања и размена на вегански рецепти и зготвена храна, прераснаа во фестивал кој ја возвишува веганската храна.

Годинава организатори на ВегеФест се Здружението за заштита на животните Анима Мунди и Здружението за Заштита на животната средина Terra Floria, бидејќи веганството е начин на живот кој подразбира заштита на животните и животната средина. Затоа ВегеФест 2013 има две посебни теми и една заедничка:

ЗА ПРАВАТА НА ЖИВОТНИТЕ!

ЗА ПРАВОТО НА ЖИВОТ БЕЗ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ!

ЗОШТО ПОНЕКОГАШ РЕВОЛУЦИЈАТА ПОЧНУВА ВО ВАШАТА ЧИНИЈА.....

22 Октомври 2013

За авторот