Најмудрата (снежна) животна приказна

Чичко Снегулка е постаро скромно човече од швајцарските Алпи што цел живот го има поминато во природа и на скии. Во фантастичен молњевит разговор од неколку минути тој ќе ви го раскаже неговиот факинг однос према неговиот факинг јак живот. 

Издвојуваме:

  • „Ама и јас сум поминал низ сите тие срања и болки како и другите луѓе, ама извинете, јас сум многу среќна личност, мислам исто како и природата, јас сум оној што сум.”
  • „Прави ги забранетите работи. Мислам, ако се забранети тие се секогаш поинтересни.”
  • „Ако сакаш да бидеш едно со природата, тогаш секогаш треба да бидеш облечен во бојата на природата. Затоа сум секогаш во бело.”
  • „Ако имаш добри услови, одиш најјако што можеш. Извини, ама ако си заборавил да одиш во тоалет, заеби, нема да одиш…”
  • „Некогаш мораш да го допреш огнот, ама после ќе знаеш како е чувството…”

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија