Наслов

Најчудните спортски рекорди за 2012

Одвреме навреме ќе се појави некој со фрик идеја која многу често го „руши“ непостоечкиот рекорд! Погледнете ги најчудните спортски светски рекорди кои беа поставени годинава. 

Виткање тавчиња како палачинки. Едно 8 инчно тафче за пржење, се зборовите кој му одекнуваат во сонот на Клинт. Тој го држи најбрзото време за трансформирање на 8 инчно тефлонско тавче во завиткана палачинка.

Најмногу удари на пинг понг топче со страничниот дел на палката. Моментално го држи Мамука Кучиа со 300 удари.  

Најдолгата дистанца помината со моноцикл под вода. Тука не е балансот тој што прави проблем, туку огромната тешкотија да ги вртиш неговите педали под вода. Рекордот е 10 метри.  

Најмногу chin-ups (подигања на вратило) додека вртиш хулахоп. Развијоткава направил дури 10, али не е баш лесно додека го вртиш оној кругон.

Најмногу удари во куглање со кои биле срушени сите кегли за една минута. Типчето си кугла на негов начин, со две раце. За една минута успеа целосно да ги сруши кеглите во 9 фрлања. 

Најдолгото жонглирање на три топчиња позади грб додека возиш точак. Cool Juggler го правеше тоа дури 4 минути и 18 секунди. 

Најголемата дистанца од каде е пукнат балон со самострел ама од наопаку. Дедево очигледно си го знае самострелот, па дури и доколку нишани преку огледало. Нема јадење трици од позади грб! 

Најбрзо завршен триатлон со жонглирање. Изведувајќи ги сите три дисциплини (трчање, пливање и возење велосипед) типчево успеа да го заврши триатлонот за помалку од 2 часа. 

26 Декември 2012

За авторот