Balkan Road Championship

Националниот Тим од Мистична Македониjа

Со овие зборови спектакуларно беше најавена македонската репрезентација во Друмски Велосипедизам, на Балканскиот Шампионат за Кадети и Јуниори кој се одвива во моментов, 02.08 до 04.08.2013 во градот Миеркуреа Чиуц – Романија.

Севкупно се пријавени 10 членки на Балканската Федерација, Албанија Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Грција, Молдавија, Кипар, Турција и Србија.

Македонската Репрезентација зеде учество со два тима, во состав на Кадети: Кристијан Николовски, Драган Цветковски и Денис Колевски и во состав на Јуниори: Јован Јованоски, Андреј Петровски и Никола Ѓукиќ.

Вчера, сабота 03.08.2013 со почеток во 10 часот стартуваше дисциплината индивидуален хронометар, дисциплина во која учесниците имаа за цел да ја покажат својата психичка и физичка способност на рамна подлога со кратка должина од 12км за Кадетите и 18км за Јуниорите, односно хронометарот беше организиран по градските улици на кружна патека од 6км.

Исто така, одлично беше извозана трка на Јуниорите каде Јован Јованоски од Охридскиот Екодром со освоено трето место, Андреј Петровски на шесто место и Никола Ѓукиќ на 21-во место.

Прогласувањето на победниците и за двете трки ќе биде во недела по завршувањето на главната трка која е со почеток во 09:30 за Кадетите и 11:00 за Јуниорите. Во очекување на утрешната главна трка, поздрав од Романија …