Kayak-Canoe

Мир и тишина на Матка

Покрај ова (не)време кое ни следи, мораше да се искористи ова „убаво саботно утро“. Времето беше преубаво, со малку магла која се расчисти во текот на оваа авантура. Мирна и тивка музика која нè пратеше низ целото возење и одмор на убави локации по рабовите на ова преубаво езеро.  

Матка каква не сме ја виделе до сега. Многу пати сме биле на езерото, за да го пешачиме или да се освежиме од пријатната клима која владее на овој кањон во периодот на летото. Овој пат малку различно. Летово купивме кајак за да си овозможиме некои вакви авантури во нашата си мала држава, но и во период од годината кога не би имале друга опција освен да изнајмиме на плажите на Охрид или пак на Матка преку лето.

Иако не можевме да го весламе како на Кајак, па моравме да најдеме алтернатива во веслањето, префрлувајќи се на Canoe веслање кое ја спречи водата да влегува во кајакот и да ни го полни (што не би било проблем доколку беше лето нели), сепак чувството, убавината, природата, дивината на оваа локација, ја прави да е уникатна и да ве остави без здив.

Недопрена природа, преубави карпи, пештери, дури и по некоја монтажна викенд куќа по текот на езерото па сè до Врело. Во секој случај незаборавна авантура, која не би можел да ја споредам со пловење на Матка со Кајче и пента, бидејќи слободата и пропратните тури кој си ги направивме го направија ова искуство да е поубаво од тоа што го очекувавме.

На крајот, бидејќи бевме облечени во пантолони за бордање/скијање, и јакна и waterproof кондури, излеговме без капка вода во кајакот. Целото искуство беше 4-часовно, со одмори и разгледувања, па бидејќи многу брзавме за да влеземе во вода останавме со една картица во кола, и половичен материјал. Видеото е направено од видеа и слики бидејќи на пола останавме без место во картицата па продолживме со сликање. 

Испадна поубаво од што можевме да замислиме, ИЛИ како што вели другарот кој седи пред мене на клипчево: „Како да гледам низ туѓи очи. Kако да е на телевизија.“

Моја препорака до сите читатели барем еднаш ако имаат прилика да изнајмат или со свој да дојдат да веслаат на ова место,на оваа преубава локација. 

НЕЗАБОРАВНО ИСКУСТВО!