Дисциплините кои се во игра за златните медали со метеорит на Сочи 2014

Златните медали кои ќе бидат доделени 15ти февруари наредната година како дел од Олимпијадата во Сочи, ќе бидат единствените досега кои ќе имаат делчиња од метеорит. Еве ги дисциплините во кои натпреварувачите би можеле да ги добијат овие медали.

Златниот медал на сликата погоре е еден од специјалните кој во структурата има прикачени делчиња од метеорит, а ќе се доделуваат единствено на 15ти февруари 2014 бидејќи тогаш се одбележува една година од метеорскиот дожд во рускиот град Челјабинск во кој беа повредени 1600 луѓе.

Според руските медиуми, седум вакви специјални медали ќе бидат доделени на машките победници во 1,500 м брзо лизгање, жените на 1000м, мажи 1500м брзо лизгање на кратка трака, жени во крос-кантри скијање штафета, мажи во К-125 ски скокови, жени во супер велеслалом и за мажите во Скелетон санкање (едносед, но поставен со главата надолу).

Вкупно 98 сетови на медали ќе бидат поделени во 15 спортски дисциплини на Игрите кои ќе траат од 7ми до 23ти февруари наредната година.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија