Наслов

Мексико сити во борба со соларничињата

Да го фрлиме воведот едноставно. Ако Америка јаде многу сол, тогаш Мексико јаде дупло од тоа. За да не паѓа толкав товар на здравството, односно, индиректно на државата, Мексико очајнички се обидува да го искорени пирејот, тргајќи го од ресторанските маси.

Здравствените институции апелираат на огромниот број на здравствени проблеми кои солта, односно натриумот ги создаваат со претераниот внес, но сепак, Мексико во секое ќоше од традиционалната исхрана има премногу сол која е тешко да се искорени.

Статистиката вели дека Мексиканците јадат три пати повеќе сол од препорачаното, а негативните ефекти се повеќе заземаат замав. Според едно испитување, популацијата во просек внесува и до 11 грама сол на ден, што би се превело како 4 грами натриум, кое е далеку над препорачаните 1,5 до 2,3 грама на ден.

Затоа, властите во Мексико сити започнаа со кампањата "Less salt, More Health" која ќе се бори со негативните ефекти на солта и започна со бодрење на рестораните за отстранување на соларничињата од ресторанските маси.

Иако солуцијата за овој проблем сигурно нема да се пронајде само со волонтерско прибирање на неколку соларничиња во фиока, но од некаде мора да се почне.

03 Мај 2013

За авторот