Меѓународен натпревар во крос кантри параглајдинг – Љуботен Опен 2018

Во периодот од 24-27.05.2018 година на Попова Шапка се одржа меѓународниот натпревар во параглајдинг, дисциплина крос кантри, Љуботен Опен 2018, кој беше организиран од страна на параглајдинг клубот Љуботен.

На овој натпревар зедоа учество околу четириесетина пилоти од земјава и странство меѓу кои пилоти од Македонија, Германија, Косово, Словенија, Грција, Бугарија.

Во женска категорија прво место е Борјана Читиркова, второ место Теодора Величкова и трето Ира Киприанова, сите три од Бугарија. Во спортска класа (EN-B категорија на параглајдери) победник е Дарко Станковски, второ место е Златко Спирковски и трето место заврши Александар Ангеловски.

Во највискоката категорија, а воедно и победнк на натпреварпт е Мартин Јовановски, второ место Борјан Јовановски и трето Дарко Станковски.

Шара овозможи одлични услови за летање.

Целосните резултати можете да ги видите тука

Во прилог видео кое го направи Борјан Јованоски.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија