Mariovo off-road 2019 „се сели” кај мостот

Другари Мариовољупци, осма година по ред ве каниме на дружба во прекрасното Мариово да уживаме во неговата убавина и дивина и да спортуваме. Оваа година одиме во село Зовиќ кај домаќинот Митко и Етно куќа ,,Кај мостот”. Ќе имаме уште еден прекрасен опуштен викенд со бањање под мостот на Градешка река.

Оваа година фестивалот ќе се одржи во село Зовиќ, во битолскиот дел на Мариово, а како главен спортски дел планирани се две велосипедски рути.

Подолгата рута е таа што се вози секоја година, но овој пат СТАРТОТ Е ВО ЗОВИЌ

Пократката тура почнува во Зовиќ и ги посетува селата Старавина и Градешница и манастирот Свети Атанасиј. Оваа рута нуди можност за посета и на селата Будимирци Груништа, но со претходна консултација со водичите на турата.

Покрај овие активности љубителите ќе може да земат учество во планинарска тура, да трчаат во околните предели, да се дружат и релаксираат на Градешка река. 

Целата програма пронајдете ја тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија