Марио Минчевски реши 7C+ болдер проблем во Прилеп

И со тоа стана првиот Македонец со постигната ваква болдеринг оцена. Накратко да ви доловиме, оцените во болдер се движат од 5а и завршуваат со 8c. Пореален приказ за тоа колку е проблематичен проблемот имате долу во видеото.

Марио Минчевски со своите 20 години е еден од посериозните спортско-качувачки таленти на Македонија. Тој доаѓа од Битола, член е на клубот СКК Вертикал Битола и тренира спортско качување веќе 8 години, а последниве неколку месеци тој вложува и по два тренинга на ден сè со цел за негов поголем напредок во спортот. 

Насоката Предатор која ја качува на погорното видео е со тежина 7C+ и се наоѓа во балканскиот болдеринг рај, Прилеп поточно во секторот Шишерник крстен по починатиот словенечки качувач Рок Шишерник кој има направено огромен удел во откривањето и промовирањето на прилепските болдеринг потенцијали.

Инаку насоката Предатор е една од болдер класиките во прилепско т.е. една од потешките кои се засега поставени. Најтешката во тој регион е насоката Turn Down For What со оцена 8b. 

Изминатиот викенд тој беше дел и од меморијалниот болдер натпревар Борис Трајковски во Мостар каде што заврши на второто место.

Секоја чест за енергијата и духот на овие млади македонски таленти кои се светла точка во нашите спортови и треба да бидат мотивација за нови млади натпреварувачи. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија