Наслов

Македонско маратонско запросување во Белград

Искрено се радуваме на вакви моменти кога две души што живеат во духот на активниот живот се спојуваат и ја продолжуваат својата пасија заедно, уште посилни... Вечни да сте Искра Јовановска и Жан Тосев! Нека ви е со среќа заедничниот живот.

Жан ја запроси својата девојка Искра (добро позната по трчањето на полумаратони и подигање на свеста за трчањето преку организирање групи за трчање години наназад) на денешниот Белградски маратон и на својот фејсбук профил за неа напиша: „Спознавајќи ја неа се спознавам и себе. Спознавајќи не нас го спознавам и животот. И го живеам. И го создавам. Го трчам заедно со неа. Му се радувам!” <3

22 Април 2017

За авторот