Frame Method

Кој е наједноставниот начин да го сакаш твоето тело?

Дали некогаш сте помислиле дека денот по утрото се познава?

Во склоп со таа изрека, постојат многу мислења и сите се различни во зависност од личното искуство на секој човек. Некој практикува кардио вежби за подобро рассонување, некој јога, некој пак се задоволува со вкусен и хранлив доручек и така го започнува работното утро.

Во сите земји е различно, но Американците се познати по утринскиот мини маратон. Ние сме малку “помудри” и ретко кој од нас станува во 05 часот наутро и трча на кеј, и покрај сите бенефиции кои знаеме дека спортот ги носи сам по себе. Некои од нас кои се во можност да одвојат време за спорт во утринските часови, особено жените влегуваат во нов тренд и практикуваат Пилатес за подобар и поквалитетен ден.

Сепак се се врти околу спортот. Кога умот се буди, добро е и телото во исто време да се рассони од добриот и квалитетен сон. Кога ќе успееме добро да ги истегнеме и загрееме мускулчињата на целото тело во првиот час од станувањето, научно е докажано дека истото враќа трократно повеќе во однос на квалитетен здрав разум и позитивно расположение во текот на целиот ден.

Затоа, како најдобра варијанта за загревање и истегнување ви го предлагаме утринскиот Пилатес. Не само што ќе го почувствувате своето тело во утринското будење, туку и цел ден ќе се присеќавате колку љубов чувствувате према истото и ќе дејствувате со многу грижа кон самата себе.

Со љубов,

60 Минути