Кој беше Бојан Петров?

Алпинист, зоолог, спелеолог, екологист, борец за заштита на животната средина, татко на две деца, сопруг и скромен човек – вљубеник во планината. Како што тој самиот имаше изјавено, Бојан Петров никогаш не ги покоруваше врвовите, туку единствено себеси. Поставете си високи цели и следете ги додека не успеете до врвот!

Роден на 7 февруари 1973 година во Софија, Бојан израснува во подножјето на Витоша во Софија, а поголемиот дел од детството го поминува и во гратчето Перштуница во јужна Бугарија. Една година учи за агроном при земјоделскиот факултет во Пловдив но љубовта и интересот кон биологијата и зоологијата го носат на универзитетот „Св. Климент Охридски” каде дипломира како зоолог. Подоцна се вработува во Природнонаучниот Музеј во Софија каде работи како експерт за лилјаци, водоземци и влечуги.

Со планината и алпинизмот се среќава на 18-годишна возраст започнувајќи од бугаскиот алпинистички „полигон” – Маљовица каде ги учи основите на качувањето.

Пред да навлезе повисоко во алпинизмот и високогорското искачување тој се соочува со повеќе здравствени проблеми. На два пати му дијагностицираат рак од кој успева да се излечи, а од 2000 година има дијабет тип 1 како резултат на болеста. Во текот на активното планинарење, пак, него го следат бројни сообраќајни незгоди, скршеници и други проблеми кои не дозволуваат да го запрат во неговите цели и врвови.


„Ракот и дијабетот ме направија психолошки посилен. Тие се претворија во вистински допинг за планината.”


Со искачување на високите врвови започнува некаде во 2000 година со Арарат 5137м – највисокиот врв во Турција. Следната 2001 година поради лошо време не успева да се искачи на Гашербрум 1 како дел од националната експедиција, но затоа на враќање успеваат да го искачат Дамаванд во Иран 5672 м. При овие искачувања тој приметува дека неговото тело одлично ја поднесува висината и нема поголеми проблеми со недостатокот на кислород па затоа во неговите искачувања воопшто не користи суплементарен.

Во 2003 доаѓа Пик Ленин 7134 мнв., кое е подготовка за националната бугарска експедиција на Еверест 2004 – како 20-годишнина од искачувањето на Христо Проданов. Сепак, и покрај неговото добро прикажување не успева да влезе во тимот поради дијабетесот. Тој не очајува, и затоа таа година во 8 месеци успева да искачи три од 7-те највисоки на континентите – Аконкагва 6962 мнв. во Јужна Америка, Денали 6192 мнв во Северна Америка и Елбрус 5642 мнв во Европа.

До 2009 година тој ги искачува и Кан Тенгри 6995 мнв, Ухуру 5895 мнв, Маргарита 5109 во Уганда и има два обиди на врвови повисоки од 8000 метри – 2001 година на Броуд Пик и 2005 година на К2 – двата неуспешни, иако на К2 заедно со Дојчин Бојанов успеваат да стигнат до 8200 метри.

Во 2009 година неговата приказна со највисокиот хималаизам започнува. Прв го искачува Г1 8068 мнв – прво бугарско искачување. Во 2014 година тој прави еден исклучително интересен потфат – успева да се искачи на три врвови повисоки од 8000 метри во 100 дена – Кангџенѕонга 8586 мнв, Броуд пик 8047 мнв и тешкиот К2 8611 мнв – прво бугарско искачување. Уште поинтересно е дека Броуд Пик и К2 ги качува во разлика од 8 денови – светски рекорд.

Сето ова тој го прави без суплементарен кислород и како човек кој има дијабет тип 1.


„Не ги освојувам врвовите, туку единствено себеси.”


Следната година го искачува Манаслу 8163 мнв – негов 5 врво повисок од 8000 метри, а 2016 повторно хет-трик Анапурна, Макалу и Нанга Парбат. 2017 успеа да ги искачи Гашербрум 2 и Дхаулагири и со останати 4 неискачени врвови дојде на дофат од Хималајската круна и неговиот проект и животна цел „Блгарин км 14х8000”

Во пролетната 2018 сезона тој е дел од експедиција на најнискиот врв од овие 14 – Шиша Пангма 8027 мнв во Кина. Според информациите, за време на аклиматизацијата тој се наоѓа во многу подобра форма од останатите и стигнува на 3 висински логор 1 ден пред другите. Заминува соло на врвот на 3 мај 2018 година. Од 5 мај кинеските власти го сметаат за исчезнат.

Филмови 

3×8000

Битката за върховете

Лятото свършва през юни / Summer ends in June

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија