Клик трекинг со Гугл

Капацитети, спремност, опрема и пари нема секој за да оди на хајкинг на Еверест, Аконкагва или Килиманџаро, арно ама интернет скоро секој има, па со два-три клика од сега ќе можете да ѕирнете како е да се биде во некој од базните кампови и врвови на огромните планински масиви. Ни од близу не е исто ама нема зошто да не се види, ако стварно се има мерак.

Гугл Мапс додаде многу кул локации во интерактивната библиотека на streetview. Сега ќе можете преку бинарен систем да ги ѕиркате најпознатите планини во светот како Еверест, Аконкагва, Килиманџаро, Елбрус, базниот камп на Еверест и многу други.

Дефинитивно најевтиниот начин да се посетат овие врвови, иако нема никаква допирна точка со реалноста да се биде таму. Сепак, нема ништо лошо во малку имагинарно доживување. 

Бидете трпеливи бидејќи сликите треба да се аплоудуваат.

Моментално се наоѓате на врвот на Аконкагва, Мендоза


View Larger Map

Базен камп на Еверест 


View Larger Map

Некаде на пат за Килиманџаро 


View Larger Map

За повеќе ѕиркање клик тука