Дрон помогна во спасувањето на исчезнат алпинист на Броуд Пик

Овој месец во масивот Каракорум во Пакистан, поточно на планината Броуд Пик, алпинистот Рик Ален беше во соло обид за искачување на 8047-метарскиот врв. По извесно време се губи секаков контакт со планинарот и истиот се прогласува за исчезнат, се додека не се најдоа пар млади деца со дрон.

Младите момци се всушност Бартоломеј Баргиел (24) кој е помлад брат на Андржеј Баргиел (30) од Полска кои беа во аклиматизација за нивниот поголем проект на скијање на К2 – вториот највисок врв на светот, во што успеаја пред само неколку дена.

Во тој период кога далеку постариот Рик Ален се беше загубил на планината, тие правеа аклиматизациони искачувања, и откако ја примиле веста дека дел од јапонската експедиција виделе ранец (со претпоставка дека е на Рик) на 7500 метри височина, тие решиле да направат извидница со помош на дронот кој е професионално управуван од страна на Бартоломеј.

Тие успеваат да го лоцираат Рик кој е жив и со помали повреди, и ја спроведуваат информацијата до спасителната екипа. Рик беше изгубен цели 36 часа, откако се лизнал од подмрзната карпа и го изгубил ранецот во падот.

Како спротива на почетокот на оваа статија, старото „момче” во статијава, Рик Ален, е еден од истакнатите шкотски алпинисти кој во 2013 година е добитник на „Златниот Цепин” за првото искачување на Нанга Парбат преку гребенот Мацено.

Тогаш, Рик Ален (59) заедно со неговиот партнер Сенди Алан (57), Кети О’Дау и три Шерпи тргнуваат на 13-километри долгиот, претходно неискачен гребен кој е скоро во целост над 7000 метри. Искачувањето трае 14 дена, а на вториот обид за искачување на врвот од последниот камп, групата останува без храна. Единствено Сенди Алан и Рик Ален се решаваат да го направат вториот обид а останатиот дел од групата се спуштаат по принудена рута.

Нешто повеќе за искачувањето подоле: 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија