Јавниот превоз и среќата…

Мамурно лице кое веќе 20 минути бара паркинг или весел лик кој си чита книга во автобус. Кој си ти?

Се сложуваме дека и јавниот превоз некогаш може да биде вистински хорор, особено во раните утрински часови кога сите брзаат да стигнат на работа или пак кога пензионерите имаат бесплатно возење. Но, една голема студија направена во Велика Британија на речиси 18.000 испитаници резултирала со следниов заклучок: луѓето кои користеле јавен превоз се 13% посреќни од луѓето кои стигнувале до работното место со автомобил.

„Развиена земја не е онаа каде сиромашните поседуваат автомобил, туку онаа каде богатите користат јавен превоз.” – Енрике Пеналоза, поранешен градоначалник на Богота, Колумбија.

Корисниците на јавен превоз се изјасниле дека се чувствуваат порелаксирано додека се возат низ сообраќајниот метеж во автобус, отколку во автомобил.

Истражувачите додаваат дека пешачењето до автобуската постројка исто така позитивно влијае врз расположението, но и социјализацијата во автобусот, трамвајот или метрото, a и времето што го добивате за читање, сурфање, летање со мислите, си има свое влијание.


 МНОГУ ПРИЧИНИ ДА НЕ ВОЗИШ КОЛА ДО РАБОТА


Од друга страна автомобилот кој бара концентрација и присутност додека го управувате, може да доведе до чувство на здодевност, нервоза, социјална изолација.

За крај, без разлика дали вам возењето со автобус ви причинува задоволство или вистински хорор и дали попрво би барале паркинг 20 минути отколку да го пролистате дневниот весник, никогаш не заборавајте дека со секое користење на јавен превоз наместо автомобилот придонесувате за помало загадување на воздухот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија