Избегнете изгореници од сонце

Додека целзиусите растат, а водата мами, најважно од сè е правилно да се заштитите од штетните сончеви зраци. Прочитајте неколку кратки совети сега, за да немате мака утре на плажа…

Резултат на несоодветна заштита од сонце кога температурите го надминуваат 30тиот степен се изгорениците на кожата. Кожата станува црвена и болна, а понекогаш се јавуваат и отоци, па дури и меури.

Кога станува збор за изгорениците од сонце најдобро е да се држите до добро познатата изрека „подобро е да се спречи, отколку да се лечи”, па така превенцијата од изгореници добива примарно и централно место, за да спречите појава на претходно набројаните симптоми или појавата на малигни заболувања, кои се силно асоцирани со изложувањето на сонце.

1. Пливајте рано наутро или кога заоѓа сонцето. Тогаш е најмало зрачењето и сончевите зраци се најслаби, па имате најмал ризик од изгоренци.

2. Сонцето предизвикува најголемо оштетување помеѓу 10 наутро и 4 попладне. Избегнете го овој период за изложување на сонце.

3. Некои делови често ги забораваме како стапалата, пазувите, тилот, ушите… Мачкајте го целото тело со заштитен фактор.

4. За најголем ефект, заштитниот фактор нанесете го 20-30 минути пред изложување на сонце.

5. Нанесувајте заштитен фактор отпорен на вода на секои 80 минути.

6. Заштитата за скалпот е задолжителна. Носете си капа, шешир или било каква заштита во светла боја. Исто така додека пливате добро би било да носите заштита за скалпот како претходно набројаните или соодветна капа за пливање.

Доколку сепак заработите изгорен грб, ладниот туш, алое вера гел, кисело млеко, производи со рибино масло и за хидрирање на кожата може да имаат позитивен ефект. Најголемата болка се јавува 6-48 часа по изложувањето, па лековите како аспиринот, ацетоаминофенот и ибупрофот може помогнат во намалување на болката.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија