Италијанците најуспешни на 32-от Охридски маратон

Викендов, на 25 Август, се оддржа 32-то издание на традиционалниот Охридски Пливачки Маратон.

32-то издание на Охридскиот Пливачки Маратон, кое викендов се оддржа во Охрид, помина во апсолутна доминација на Италијанските пливачи кои успеаа да победат и во машка и во женска конкуренција. На патеката „Климе Савин” од Св.Наум до Охрид најуспешен беше Италијанецот Франческо Џетини кој во своето деби на оваа трка постави време од 5часа 13 минути и 59секунди. Во конкуренција на дами пак триумфираше неговата сонародничка Барбара Поцабон. За неа оваа беше втора победа на Охридскиот маратон.

За прв пат оваа година патеката беше скратена за 5км, односно истата беше со должина од 25км. Ваквиот потег на Пливачката Федерација на Македонија имаше за цел да привлече поголем број на учесници од светската пливачка елита. Подиумот во машка конкуренција го комплетираа Едуардно Сточино од Италија и Андреа Бјанки исто така од Италија.

Во женска конкуренција на подиумот се најдоа и Ана Олас од Унгарија на вицешампионското место и Аличе Франко од Италија како третопласирана. Боите на Македонија ги бранеа Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев на кого за малку му побегна пласман на подиумот. Стартот на маратонот го означи легендарниот Петар Стојчев од Бугарија кој дури 11 пати победуваше на оваа патека.

Наградниот фонд од 15.000 долари беа обебедени од ПФМ и ФИНА. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија