Испраќање на македонските спортисти на европските игри Баку 2015

Првата група на македонски спортисти и официјални лица, во борење, карате и кајак предводени од Шефот на делегацијата, Владимир Богоевски, вечерва заминуват за Баку.

По тој повод во просториите на МОК, денес се одржа прес конференција на која беа претставени и спортистите кои први ќе заминат за Баку, а присутни беа и преставници од останатите Национални спортски федерации, учесници на ЕИ БАКУ 2015.
Емил Павлов ќе ја има честа да го носи македонското знаме на отварањето на првите ЕИ БАКУ 2015.
Од страна на претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски беше соопштена информацијата дека за златен медал на ЕИ, освојувачите на медалите ќе бидат наградени со парична награда во износ од 4.000 евра, за сребрен медал ќе добијат 2.500 евра и за бронзен медал 1500 евра. Финансиски награди ќе има и за другите спортисти кои ќе освојат висок пласман на ЕИ БАКУ 2015. Од овие награди се исклучени атлетика (учествува трета лига) како и малолетните спортисти (пливање).
Да им посакаме на македонските спортисти голем успех и врвни спортски резултати на првите ЕИ БАКУ 2015.