Интервју со дел од основачите на иницијативата „Инвестирав во планинарски дом”

Сакајќи да дознаеме нешто повеќе за новата иницијатива за потпомагање на планинарските домови и поставување на засолништа во Македонија насловена како „Инвестирав во планинарски дом”, поразговаравме со Тони Милошевски и Игор Смилев дел од иницијаторите на акцијата. 

Иницијативата се заснова на принцип на донации кои граѓаните и планинарите може да ги направат директно кај одговорните лица на планинарските клубови. Како симболичен возврат, донаторите добиваат сувенир – значка со дизајн на иницијативата. Основната цена на значката т.е. минимумот што може да се донира е 120 денари и идејата е преку масовност да се дојде до средства со кои може да се инвестира и подобрат условите во одреден планинарски дом или засолниште. 

Подолу следи разговорот со Тони Милошевски каде откриваме повеќе детали.

1. Кажи ни нешто повеќе за тоа како се роди идејата за иницијативата „Инвестирав во планинарски дом” и што е нејзината основна цел.

Идејата за оваа иницијатива за собирање седства за поставување на засолништа и реновирање и реконструкција на распаднатите и опожарени планинарски домови,
ми ја пренесе и објасни на мене и на другите председатели на клубови еден планинар
од Куманово, кој дизајнирал и планирал да изработи сувенир-планинарски значки,
преку кои ќе се соберат финансиски средства за оваа акција. Јас бев воодушевен од
идејата и иницијативата како и сите останати претседатели на клубовите, и сите на
свој начин допринесуваме и работиме за да оваа иницијатива се оствари.

2. Како ќе биде спроведена иницијативата и на кој начин граѓаните, планинарите, компаниите и институциите ќе може да помогнат и инвестираат во подобра планинарска инфраструктура преку овој проект.

Спроведувањето на иницијативта ќе биде такашто сите се договоривме да значките
ги поделат самите председатели на клубови и средствата ги уплаќаат на посебна жиро-сметка на ФПСМ. На ист начин може секој поединец или компанија да се вклучи и помогне со донирање средства на таа жиро-сметка.

3. На кој начин ќе се одбере и исконтролира каде и како се потрошени средствата од проектот. Дали ќе се формира некое тело кое ќе решава за редоследот на потпомогнати домови и дали ќе има одредени критериуми према кои ќе се одлучи каде и во колкава мера ќе се помогне?

На ниво на претседателите на клубови има 5-члена комисија која ќе одговара и располага со средствата. Распредот по кој ќе се започне реновирање на домовите и местоположбата на засолништата ќе го одредуваат сите претседатели на клубови и планинари со свои предлози и идеи, по принцип предност да имаат предели и планини каде нема никакво засолниште, а е неопходно за наша безбедност на планините.

4. Знаеме дека Македонија кубури со број на планинарски домови, поголемиот дел од оние веќе постоечките се со слаби и незадоволителни услови, а има и доста целосно или делумно изгорени. Дали мислите дека единствено преку ваков волонтерски проект ќе може да се дојде до едно задоволително ниво на сместувачки планинарски капацитети или потребно е посериозно учество на други институции, а оваа помош да биде дополнителна?

Многу дуги институции можеле и можат да се вклучат и помогнат домовите да се вратат на задоволително ниво, но досега ние бевме препуштени самите на себе. Знаеме дека Федерацијата не е финансиски толку моќна, но Агенцијата за млади и спорт, Советот на гадоначалниците и други институции со одвојување средства можат многу да помогнат.

5. Колку сметаш дека е важно да се започне со вложување и работа со цел подобрување на условите во овие објекти, и како планинарите, самостојно или на ниво на клуб (вон овој проект), може да помогнат, сметајќи дека тие се најзасегнати и бараат подобри услови за уживање во природата?

Оваа на нас планинарите ни е повеќе од потребно бидејќи повеќето домови се разрушени, а за засолништа да не говориме бидејќи кај нас и не постои засолниште поставено во планина. За разлика од Бугарија, Србија, Хрватска и дугите соседни земји каде секој дом се стопанисува од некое планинарско друштво и се одржава ние на 100 километри и повеќе по планинските сртови немаме никаков објект, макар тоа било засолниште (бивак) или дом за наша поголема сигурност и безбедност.

Првата акција со значките сите позитивно нè изненади со колку голем интензитет се одвива, и планинарите ја покажаа својата свест и потреба од вакво нешто со огромна подршка на иницијативата, за наша безбедност и сигурност во планините.

Сигурни сме дека ќе ја оствариме целта која ја имаме зацтано, а тоа е на секои шест месеци да поставуваме по две засолништа или по еден дом да реновираме и да го ставиме во функција како што некогаш бил.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија