Нова технологија за нови предизвици ...

Наслов

Иднината е сега!

Новите скијачки наочари Oakley Airwave хибридно стокмени ќе ви приуштат максимално уживање, така да новата сезона на снежно задоволство освен пиењето чај на бачило ќе биде анимирана и со овој гаџет.

Во серијата Airwave, Oakley е поткован со HUD (Heads Up Display) технологија, GPS, Bluetooth, акцелерометар, барометар,гиро сензори кој можат да го измерат секој скок, времето изминато во воздух, висината и неговата дистанца.
Преку GPS уредот ќе можете да ги видите мапите на ски терените каде што се наоѓате, да добивате разни информации од вашиот мобилен, плеер или монитор за срцева фрекфенција.
Компатибилен е за iOS и за андроид оперативните системии, и сето тоа претставено на вградениот минијатурен дисплеј кој дава слика која одговара на 35см монитор гледан од 1 и пол метри растојание.

Лавина позитивни реакции и критики се упатија на адреса на Oakley, проверете и сами зошто?! 

11 Декември 2012

За авторот