HRT F1 Team преговара за нови спонзори

Шпанскиот Формула 1 тим (HRT F1 Team) кој учествува во едно од најпрестижните натпреварувања е ставен на продажба. Компанијата Тесан Капитал која го купи ХРТ минатото лето и го пресели седиштето во Мадрид, најави дека веќе разговараат со заинтересирани купувачи и дека продажбата најверојатно ќе се случи во следните неколку недели. 

Очекувањата се со нова финансиска поддршка, тимот кој порано беше познат како Campos meta 1, да продолжи да се натпреварува во Формула 1 и да постигне подобри резултати и покрај успехот што тимот го постигна во сезоната 2012.

Досега, Тесан Капитал не успеа да постигне значајни резултати, со оглед на ограничениот буџет и Cosworth моторите кој се покажаа како помалку ефикасни отколку оние на конкурентите.

Шпанецот Педро де ла Роса и Индиецот Нараин Картикејан се пилоти во ХРТ кои го направија своето деби за тимот во 2010 година. Тие се последни во шампионатот на конструктори и им остануваат уште две трки до крајот на сезоната.

Инаку, годинава ХРТ тимот не беше подготвен за предсеознското тестирање на болидите i имаше многу проблеми за време на слободните тренинзи во Австралија и во квалификациите. За големата награда на Малезија двајцата возачи лесно се квалификува за трката на која на крајот завршија на 21 и 22 место. Истиот резултат го постигнаа и на следната трка во Кина.