GOPRO – Најразноврсната камера на светот

GoPro е американски бренд за камери со висока резолуција и често се користи за екстремни видea и фотографии. Нивните камери се познати по тоа што се лесни, цврсти, погодни за носење и може да се монтираат на невообичаени места како што се надворершените делови на авиони, автомобили, бродови, велосипеди итн.

Компанијата е формирана од страна на Nick Woodman. Woodman бил инспириран да основа компанијата после едно негово сурферско патување во Австралија каде што сакал да фати квалитетни фотографии од неговото сурфање, но не можел да го стори тоа поради фотографите кој што не можеле да се доближат доволно блиску или да добие квалитетна фотографска опрема по достапни цени.

Неговата желба за камера која што може да фати професионални агли е токму инспирацијата за неговата камера да го добие името “GoPro”.

Во 2004 година, компанијата ја продаде својата прва верзија на 35 милиметарската филмска камера. Камерите еволуирале, одејќи од 35мм до дигитална, каде што и започнава снимањето на клипови од по 10 секунди, па се до тековната конфигурација на фиксна леќа (HD) – видео камери со агол на 170-степени. Сега може и да се спојат две камери за да се создаде 3D видео.

Камерите излегоа од сурферската толпа и истите сега се користат за авто трки, скијање, велосипедизам и тн.

Во октомври 2013 година, GoPro го објави HERO3 +, достапен во Black и Silver издание, кој ги замени нивните Hero3 претходници.

Двете Hero3 + камери имаат “драматично подобрени” перформанси при слабо светло, како и новиот водоотпорен комплет кој е помал и полесен од HERO3. Hero3 + камерата има 20% намалување во големина во споредба со Hero3, а исто така има подобрувања во острината на сликата и подобра аудио функционалност на ветер како и отфрлање на бучава. Батеријата има подобрување за 30% во споредба со претходниот Hero3 модел.

Black Edition има видео режими на 1440p48, 1080p60, 960p100 и 720p120 како и 4Kp15 и 2.7Kp30 и можете да снимате 12MP фотографии со брзина до 30 слики во секунда. Заедно со зголемената резолуција, HERO3 + Black Edition, исто така , располага со функција нареченa ” SuperView ” што дополнително го зголемува видното поле. Таа има дополнителни функции, како што се динамични услови на недоволна осветленост, професионален режими на снимање и друго. Black Edition вклучува и далечински Wifi управувач.

Silver Edition има видео режими на 1080p60 и 720p120 и снимање на 10 мегапикселни фотографии со макисмум до 10 слики во секунда. Спротивно на Black Edition, на Silver Edition изданието може да снима со 25/30 FPS во сите поддржани резолуции. Hero3 + Silver Edition, исто така, има околу 25% -50% поголем капацитет на батеријата за време на снимањето од Hero3 + Black Edition.

Сите овие карактеристики ја прават GoPro камерата да биде најпосакуваното парче опрема на сите спортисти во светот.