Герд Милер се поклони на Меси

Рекордот за најмногу постигнати голови во една календарска година кој Герд Милер го држеше 40 години конечно беше срушен од страна на аргентинскиот магионичар Лионел Меси.

Милер постигна вкупно 85 гола како играч на Баерн Минхен и Западна Германија во 1972, но неверојатниот Меси успеа да го сруши овој рекорд постигнувајќи досега 86 гола за Аргентина и Барселона оваа година.

 

Германскиот бомбардер изјави: „Мојот рекорд стоеше 40 години – 85 гола во 60 натпревари, а сега беше срушен од најдобриот фудбалер на светот. Јас сум пресреќен за него. Тој е фантастичен играч.”

Милер имаше 27 години кога постигна 72 гола за Баерн и 13 за неговата репрезентација со што го постави неверојатниот рекорд.

Меси пак кој моментално има 25 години има уште два лигашки натпревари и еден во шпанскиот куп да ја дополни неговата сензационална серија.