Форхенд мастер

Јасно е дека правилната техника е најважна кога со форхенд или со бекхенд сакате да добиете максимална моќност и прецизност на движењето на топчето. Но како да го изберете вистинскиот рекет за Вашата игра и суптилно да ја поправите техниката? Е тука настапува компанијата Dunlop Sports Co. Ltd, која во соработка со Seiko Epson Corp го измисли Dunlop Swing Labo.

Секој страсен тенисер (освен професионалците), се прашува дали техниката на изведување одреден удар е правилна или дали може да се спореди со онаа на професионалните играчи. За да нема многу прашања, неопходен е избор на адекватен тениски рекет и анализа на самата игра.

Dunlop Swing Labo е сензор кој одговара на секој тениски рекет, а негова работа е од научна перспектива да ги анализира податоците од играта. Сензорот се прицврстува на дното на рачката од рекетот, а се активира при удар на топчето.

Се анализираат брзината и правецот на ударот со цел да помогне при изборот на адекватниот рекет кој ќе донесе максимални перформанси во тениската игра.

 

Како функционира Dunlop Swing Labo?
Корисникот удира пет тениски топчиња со форхенд, при што сензорот (прикачен на рачката од рекетот) ја мери брзината на ударот и правецот на движење на топчето.

Целиот процес се снима на камера, а потоа податоците компјутерски се анализираат. Врз основа на добиените податоци, сертифициран специјалист за рекети избира 4-5 соодветни модели за Вас со кои поединечно поминувате низ истиот процес. Од собраните податоци и анализа од страна на специјалистот за рекети, Ви се доделува најоптималнот рекет. 

Во ноември 2012 година, сензор-системот за прв пат беше презентиран во Јапонија, а потоа и пуштен во продажба.