FIBA накај NBA

Раководството на Светската кошаркарска организација – ФИБА, овој викенд ќе одржи состанок во Сингапур на кој што треба да бидат прифатени најавените промени со кои европската кошарка треба да се приближи до најсилната кошаркарска лига, НБА.

Ова значи дека правилата на ФИБА ќе претрпат одредени промени кои ќе значат приближување во техничка смисла до американската професионална лига – НБА. 

Измените кои треба да се донесат се: линијата за три поени ќе се помести од европските 6,75m.на американските 7,25m, техничка грешка ќе носи едно слободно фрлање и топка од страна за разлика од досегашните две слободни, а по офанзивен скок екипата ќе добие 14 секунди за новиот напад. 

Во последните две минути од натпреварот во бонус ќе се влегува со два прекршока, наместо досегашните пет кои требаа да се направат за една четвртина. Покрај ова, промени ќе има и во должината и ширината на теренот, а при „мртва топка“ наместо наизменичното изведување од страна ќе се прифати старото потфрлување. 

Овие правила треба официјално да се потврдат на состанокот овој викенд во Сингапур, а правилата ќе започнат да се применуваат идната сезона.