Европскиот кик бокс куп во Белград со злато и бронза за Македонија

Кик Боксинг Федерацијата на Македонија Ве известува дека од Европскиот куп ,,Белград Опен ” – Србија што се одржа од 28.02-3.03.2014 година Македонската репрезентација се врати со освоени 2 медали, 1 златен и 1 бронзен.

 

Европскиот куп се одвиваше во кик лајт и К 1 дисциплините од кик бокс спортот, а присуствуваа 8 земји од Европа со повеќе од 200 спортисти.

Со злато се закити искусниот Димитар Георгиев – 79кг во кик лајт кој демонстрираше техника и подготвеност како што доликува на светски шампион. Златото го освои победувајки ги претставниците од Бугарија-Васил Тошев Симов во четврт финале, Андрија Босич – Србија во полуфинале и Александар Менкович од Србија во финалната борба. Сите ги победи со 3:0 со што им оддржа вистинска лекција на присутните во салата. Тие не го криеа своето одушевување од начинот на борба на Ѓорѓиев и со аплауз го испратија од салата.

Бронзениот медал го освои Арџент Узеири – 84кг кик лајт победувајќи го Милош Ковачевич од Србија во четврт финалето. Во полуфиналната борба за сребрен медал изгуби на поени од Милутин Николич – Србија и мораше да се задоволи со бронзениот медал.

Нашиот единствен претставник во К1 дисциплината Мики Ивановски – 81кг беше оштетен од страна на судиите на овој Европски куп.Ивановски доминираше во сите три рунди, доведувајки го противникот 2 пати во нок даун. По одлука на судиите победата ја однесе домашниот претставник Никола Стошич на големо негодување на Македонската делегација. Пристрасноста на судиите кон домашниот натпреварувач си го направи своето. Ивановски кој беше морален победник од овој меч беше испратен со аплауз од страна на присутната публика во салата Шумице во Белград.

Стручниот тим кој ја преводеше Македонската делегација е задоволен од постигнатиот успех кој ќе беше уште поголем доколку немаше судиска неправда .