Европски рекорд во полумаратон на пеколна трка во Рас Ал Каимах

На полумаратонот во Рас Ал Каимах во ОАЕ младиот Швајцарец Јулиен Вандерс успеа да постави нов европски рекорд на полумаратонската дистанца. 

Иако во генералниот пласман 22-годишниот Јулиен заврши на четвртата позиција, само 5 секунди зад третопласираниот Фикаду Хафту од Етиопија, со неговото време од 59:13 успеа за 21 секунда да го подобри европскиот рекорд на Мо Фарах од Британија. Ова не само што значи и нов рекорд во европски рамки, туку и најдобро постигнато време на оваа дистанца од човек кој е роден надвор од афричкиот континент. Досегашното најдобро време од европеец беше во сопственост на  Антониот Пинто со 59:43 – исто време има и Американецот Рајан Хол. 

На исклучително интересната трка во која дури 11 луѓе успеаја да завршат под 60 минути, победи Стефен Кипроп од Кенија 58:42 – со само две секунди пред второпласираниот Абади Хадис (Етиопија) 58:44, а трет беше Фикаду Хафту 59:08 од Етиопија. 

Женската трка беше истотака интересна и возбудлива. Сенбере Тефери која го имаше нејзиниот прв настап на полумаратонска дистанца заедно со нејзините сограѓанки од Етиопија Нетсанет Гаудета и Зеинеба Јимер завршија во заеднички финиш – Тефери и Гаудета со време од 1:05:45 а Јимер 1:05:46. 

Од првото издание на полумаратонот РАК истиот има одлична репутација кај топ тркачите на полумаратон а патеката отсекогаш нудела пеколна трка со голема конкуренција и возбудливост. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија