Наслов

Еквилибриум на брашно

Во основа, The Balance of Powder е кратко филмче продуцирано од Sherpas Cinema кое има за задача тотално да ве исклучи од секојдневната и да ве внесе во една многу поубава, снежна, крцкава и многу скијачко/бордерски активна Канадска матрица, а во целите тие 23 минути воедно да ви го претстави најдобриот маркетиншки начин како да намамите илјадници гости на вашата планина. 

Од смрдливиот и нервозен град, до прекрасните предели на Бритиш Колумбија и Роки Маунтинс, од загушливиот автомобил до скијање со ратрак со Island Lake Catskiing и пиење пиво во прекрасните макро викендици кои нудат перфектна храна и одмор. А, врвот... Е тоа се вика Mica Lodge и Mica Heliskiing.

31 Јануари 2013

За авторот