Наслов

Два часа маратонска перфекција на Елиуд Кипчоге

Викендов на маратонот во Берлин, Кениецот Елиуд Кипчоге успеа да постави нов светски рекорд во маратон со фантастично време од 2:01:39 и со тоа уште еднаш да ја зацементира неговата позиција како еден од најдобрите маратонци на денешницата. 

Кипчоге имаше маестрален настап во Берлин оваа година каде успеа да го подобри стартиот светски рекорд на Денис Кимето (поставен 2014 година на истата патека) од 2:02:57 за цели 1 минута и 18 секунди. Покрај фантастичниот резултат, со овие 78 секунди разлика, Кипчоге успеа да направи најголема разлика во подобрување на светскиот рекорд во последните 50 години. 

„Го имам најбрзиот маратон, но тоа не е најбрзиот маратон” - Изјави Кипчоге пред трката, мислејќи на нератификуваниот обид со Најк за рушење на бариерата „под 2 часа” каде беа користени различни методи за да се дојде до време од 2:00:23. 

Сепак, неговата форма во последниот период наговестуваше чудо на маратонската дистанца. Кипчоге истрча со неверојатна конзистентност во двете половини од маратонот, првата со време од 1:01:06, а втората со само 30тина секунди поспоро време. 

Рекордерските слпитови на Кипчоге

Воедно, во последни 2.195 км. Кипчоге истрча за 6 минути и 8 секунди што е најбрзиот финиш посведочен на еден маратон. 

„Отсекогаш рушењето на рекордот ми било амбиција, а овојпат се чувствував сигурен. Откако трчав на Монца, тоа ми покажа дека границите не постојат. Важно е да се тренира напорно, но и да се има верба во твојот тренинг метод, а доказот да го покажеш на трка.” - вели Кипчоге. 

Во последните неколку години Елиуд оствари некои фантастични достигнувања на полето на спортот, вклучително и Олимпиското злато во 2016 година, проектот „Под 2 часа” со Најк, и новиот светски рекорд сега во Берлин. Во 2020 година на негови 35 години, тој најави дека ќе се обиде да го одбрани олимпиското злато. 

Патеката на Берлин е позната како патека на која се рушеле најмногу маратонски рекорди досега. 

17 Септември 2018

За авторот