Наслов

Државно Првенство во Планински Велосипедизам

Во недела на 21.07.2013 по падините на планината Шар Планина поточно во месноста Попова Шапка ќе се одржи Државниот Натпревар во Планински Велосипедизам во категоријата ХС – Cross Country, Попова Шапка 2013.

Овој натпревар треба да ги истакне националните шампиони во сите категории. Динамичната патека со екстремни спустови и препреки, напорна со екстремни нагорнини од преку 25%, испреплетена на релативно мал простор, ви овозможува да ја следите трката во целост од едно место.

Покрај тоа што претставува задоволство по кое копнее секој почитувач на планинскиот велосипедизам, патеката е атрактивна и за публиката со што станува се по посетена. За прв ќе бидат применети и вештачки препреки и скокови изработани од дрвена граѓа, кои се повеќе се застапени во Планинскиот Велосипедизам во натпреварите кои се во организација на UCI Интернационалната Унија на Велосипедисти.

Прв доскок

Според правилникот на ВФМ Велосипедската Федерација на Македониа, натпреварите во планински велосипедизам се од отворен карактер за учество на нелиценцирани велосипедисти во рекреативната категоријата, со цел омасовување на планинскиот велосипедизам.

 

 

Изработка на скокална

Организатор на Државното Првенство е ВФМ, Технички организатор е велосипедскиот клуб ЕБТС – ПроБајк од Скопје, кој се потруди да ја подготви патеката и ги изработи вештачките препреки. Повеќе информации за пропозициите за учество на сите категории и рекреативците на страната на ВФМ, www.cfm.org.mk

 

 

 

17 Јули 2013

За авторот