Наслов

Доделена донацијата во спортска опрема за мечувалска федерација на Македонија (МФМ)

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), д-р Васил Тупурковски му ја предаде донацијата во мечувалечка опрема на претседателот на Мечувалечката федерација на Македонија (МФМ), г-дин Зоран Стојановиќ, обезбедена од страна на МОК преку Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија (СРГ) и Амбасадата на СРГ во Скопје.

МФМ и МОК веќе организираа еден младински камп за најдобрите млади македонски мачевалци, а изминатите 10 дена, во Струга, еден од најдобрите светски експерти, холандскиот тренер Рорик Јансен работеше со најдобрите македонски мечувалци и тренери во однос на унапредувањето на мечувањето во Македонија.

19 Август 2017

За авторот