До крајот од светот на боси табани

Инжињерот од Монтреал, Џозеф Мајкл (Joseph Michael Liu Kai-Tsu Roqueni) веќе неколку месец ги тормози своите стапала со тоа што сака да стане првиот човек што ќе истрча од Канада до Аргентина, низ сите Америки, ама бос и за хуманитарни цели.

19,000 километри и 14 држави се на патот на овој канаѓанец со мексиканско и кинеско потекло додека да измине од Монтреал, Канада до Tierra del Fuego, најјужниот дел на мапата кој се наоѓа во Аргентина.

Џозеф кој инаку има 32 години и по професија е инжињер нема да биде првиот човек што ќе помине волку голема дистанца на нога, но сигурно ќе биде првиот (доколку успее) што ќе го направи тоа бос и без соодветна опрема за нозете.

За време на експедицијата, веб страната на Џозеф е отворена за донации кои ќе бидат дадени за подобрување на образовниот систем, бидејќи, тој самиот не бил задоволен од квалитетот на образованието со кое што се стекнал, за време на неговите студии.

Во текот на спремањето тој ги има искусено сите можни подлоги на кој што ќе наиде во текот на многуте маратони што треба да ги помине, а најмногу треба да внимава на асфалтираните делови бидејќи тие создаваат најмногу плускавци.

Веќе е тргнат од пред неколку месеци, а планира рутата да ја истрча за вкупно 18. Во план му се да поминува по 25 километри на ден, а носи тенки сандали за секој случај кои ќе ги користи само во најсензитивните периоди за неговите стапала.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија