МТДФЕ 2018

Наслов

Денес стартува „Македонска Тур де Франс Експедиција 2018 - Доломити”

Од 24 јули до 7 август четворочлена екипа ќе ја формира „Македонската Тур де Франс Експедиција” која оваа година ќе се вози на прекрасните Доломити. 

Македонската Тур де Франс Експедиција претставува велосипедска туринг авантура која во летниот период, паралелно со трката „Тур де Франс” оди на различни делови од Алпите и Доломитите со цел да се посети и запознае одреден регион, да се искачат интересни и познати планински превои и да се ужива во раскошната природа на планините. 

Основана е од страна Слободан Трајковски во 2011 година кога Боби заедно со Гоце, Јово и Марко одат на 18-дневно возење низ Алпите токму во периодот на Тур де Франс. Оттогаш, експедициите се изведуваа на редовно ниво, истражувајќи нови планински предели од Европа, но не секогаш се правеше посета на Тур де Франс етапите, иако името на експедицијата е задржано. 


ЧИТАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПАТЕПИС „МОЈАТА ПРВА ЕКСПЕДИЦИЈА” 


 

Досега експедицијата има искачено триесетина планински превои на Алпите и Апенининте и посетено 19 етапи на Тур де Франс. Вкупно во сите 8 изданија во експедицијата членувале 13 велосипедисти. Во 2015 година беше искачен и највисокиот планински превој во Европа Кол де ла Бонет на 2802 метри.

Оваа година членови се Никола Ѓорѓиев, Васко Русевски, Бојан Диковски и Слободан Трајковски кои ќе возат на Доломитите со старт и финиш во Толмецо. Планот е во овие 10 дена да се искачат превоите: Стелвио (2758 метри), Гавиа (2621 м), Ѕонколан (1730 м), Монте Грапа (1745), Федаја, Џау и десетина други 

Целта на експедицијата, како и секоја година е искачување на планински превои на Алпите, а воедно и мотивирање на други велосипедисти да се охрабрат и да тргнат во една ваква авантура којашто придонесува многу за развој на велосипедизмот во Македонија пренесувајќи го искуството во Европа во нашиот рад и држава.

Овде може да го погледнете краткото филмче „Слобода на две тркала” кое ги опфати екпедициите во петгодишниот период од 2011 до 2015 година. 

Детали за превоите кои се во план и нивни технички инфомации следат подоле: 

MONTE ZONCOLAN 1730 m
Од Сутрио: должина 13.5 км, просек 8.9%, vertical climb 1196m, max. 22%

PASSO DI MAURIA 1788 m
Од Вила Сантина: должина 43.6 км, просек 2.1 %, vertical climb 1254m

TRE CIME DI LAVAREDO 2320 m
Од Мизурина: должина 7.53 км, просек 7.5%, vertical climb 1515m, max. 19%

PASSO DI FALZAREGO 2105 m
Од Кортина: должина 16.4 км, просек 5.6%, vertical climb 913m

PASSO DI GIAU 2236 m
Од Покол: должина 8.6 км, просек 8.3%, vertical climb 716m, max. 11%

PASSO FEDAIA 2057 m
Oд Каприле: должина 14.1 км, просек 7.5%, vertical climb 1059m, max. 18%

PASSO PORDOI 2239 m
Од Араба: должина 9.4 км, просек 6.8%, vertical climb 637m, max. 9.7%

PASSO COSTALUNGA 1745 m
Од Виго ди Фаса: должина 9.4 км, просек 4.5%, vertical climb 429, max. 9.6%

PASSO DELLO STELVIO 2758 m
Од Понте ди Стелвио: должина 24.3 км, просек 7.4%, vertical climb 1808m, max. 9.2%

PASSO DI GAVIA 2621 m
Од Бормио: должина 25.6 км, просек 5.5%, vertical climb 1404m, max. 11%

PASSO MORTIROLO 1852 m
Од Моно: должина 12.5 км, просек 10.%, vertical climb 980m, max. 18%

PASSO DEL TONALE 1883 m
Од Едоло: должина 30 км, просек 4.%, vertical climb 1211m, max. 8.4%

MONTE GRAPPA 1745 m
Од Серен дел Грапа: должина 21,1 км, просек 6.3%, vertical climb 1335m, max. 20 %

24 Јули 2018

За авторот