Наслов

Дарио Ивановски со нов државен рекорд

Овој викенд на 28.08.2017, на атлетскиот митинг „Голема награда на Војводина" кој се одржа во Нови Сад еден од нашите најдобри атлетичари Дарио Ивановски постави нов рекорд на 3000 метри. 

Дарио на негови 20 години продолжува да остварува одлични резултати на полето на подолгите атлетски патеки каде овој викенд тој успеа да го сруши рекордот на Јонуз Јонузи стар 25 години на 3000 метри. 

Ивановски со неговите 8:17.92 воедно го освои и првото место во оваа дисциплина на митингот, а резултот претходеше и на други два национални рекорди кои неодамна ги постави -  на 1.000 метри на Ване Стојанови на 3.000 метри во сала поставен од Трпе Мартиновски.

Атлетскиот потенцијал на ова младо момче започна да надѕира уште пред неколку години кога заедно со неговиот тренер Игор МЦ Јакимовски започнавме да ги следиме нивните одлични резултати. 

29 Август 2017

За авторот