Наслов

Дарио Ивановски под 9 минути на 3 илјади во Добрич

Нашиот млад репрезентативец на Македонија во атлетика Дарио Ивановски од АК Работнички денес во Добрич Р.Бугарија настапи во сала во дисциплината 3000 метри и оствари неверојатен резултат од 08.43

Овој резултат на 3000 метри е убедливо најдобар во Македонија во изминатата деценија бидејќи никој не успеа да ја симне границата од 09 минути. Дарио тоа го направи за цели 17 секунди и тоа на возраст од 18 години.

Тој цели 2 месеца се подготвуваше под раководство на неговиот тренер Игор Јакимовски за оваа трка бидејќи целта беше да се атакува на резултат под 09 минути. Настапот беше последна подготовка пред балканското првенство во сала кое ќе се одржи следниот викенд во Истанбул, Р.Турција.

20 Февруари 2016

За авторот