Дакар 2013 агенда

Дакар 2013 со нов твист во неговата агенда. Релито повторно ќе се вози на јужно-американско тло, но по малку поинаква и поинтересна рута на која ќе се одржат неодоливо интересните трки.

Релито ќе започне на 5ти Јануари идната година, а во неговото 35то издание повторно ќе претрпи одредени измени. Јужно американците по четврти пат ќе бидат негов домаќин, но за разлика од неговите минати три одржувања кој беа во главно стационирани во Аргентина и дел во Чиле овој пат ќе се вози по комплетно нова стаза.

За прв пат во неговата историја релито ќе стартува од Пацифичкиот брег, и тоа од Лима, Перу, а ќе заврши во Сантијаго, Чиле. Дакар повторно ќе ја врати неговата препознатлива северо-јужна насока која беше стандардна додека се возеше на европско и африканско тло.

Географијата на Перу нагласува дека возачите моментално од стартот ќе се справуваат со дините. Релито потоа ќе се префрли во северниот дел на Чиле каде битката ќе се вози низ пустините, а по преминувањето на Андите, релито ќе се премине во Аргентина каде на тест ќе биде поставена издржливоста на возачите и нивните возила. По осум дневно возење, ден за одмор ќе се одржи во мирниот Сан Мигуел де Тукуман во Аргентина, а од тука ќе започне и најдолгата делница на релито која ќе биде зачинета со дините на Фиамбала и Копиапо. Финалето ќе се вози во Чиле и како последна дестинација предвиден е главниот град Сантијаго.

За поголемо клик тука