ЦУБАЛЕВСКИ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ,,ВОЈВОЏАНСКА ЗЛАТНА РАКАВИЦА “

Наслов

Цубалевски ја збогатува кариерата со настап на светско ниво

Боксерската репрезентација на Македонија ќе учествува на меѓународниот турнир „Војвоџанска златна ракавица“ во Суботица - Србија , на овој турнир ќе земат учество 22 светски репрезентации. Како член на репрезентацијата ќе оди и нашиот боксерски судија Стефан Цубалевски. Се очекува Цубалевски во најдобро светло да ја претстави судиската комисија при БФМ .

Стефан Цубалевски е судија кој има искуство на меѓународната и домашната боксерска  сцена, воедно тој беше прогласен и се закити со пехар за најдобар боксерски судија на меѓународниот боксерски турнир „МЕЧ НА ШАМПИОНИТЕ".

Во Суботица Цубалевски ќе ја дели правдата со колеги од светските боксерски велесили како Аргентина, Хрватска, Чешка, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Србија, Словачка, Словенија, Чиле итн. 

 

05 Јули 2018

За авторот