Уште еден подвиг на ,,УНИВЕРЗАЛЦИ“

Цубалевски го предводи Стојаноски на „МЕЧ НА ШАМПИОНИТЕ”

Во сабота на 15.10.2016 во салата „Македонски Бранители” во Скопје со почеток од 18:00ч ќе се одржи турнирот „Меч на шампионите”. Државниот првак на Република Македонија, Марко Стојаноски, членот на Боксерскиот клуб „УНИВЕРЗАЛЦИ” од Скопје ќе земе учество на овој боксерски спектакл.

Тој под водство на тренерот Васко Цубалевски одлично ги совлада сите дадени вежби во текот на подготвителниот период за овој турнир. Се надеваме дека повторно, овој тандем Цубалевски – Стојаноски ќе блеснат и ќе донесат злато за својот клуб. Инаку Стојаноски е носител на голем број на златни медали за нашата татковина.Тој на последните два меѓународни турнири во Србија беше наградуван со пехар за најперспективен боксер. А воедно е и прогласен од страна на Боксерската Федерација на Македонија за најперспективен боксер за 2015 година.