Најдолгото пливање - буквално

Наслов

Човекот што се спрема да плива од Токио до Сан Франциско

Американецот со француско потекло Бен Лекомте, познат во маратонските води, оваа есен се подготвува за неговиот најголем животен подвиг. Шестмесечно полно работно и викенд време поминато во пливање, од Токиот до Сан Франциско или преку целиот Пацифик. За тежината, монотоноста, психата и ајкулите прочитајте подолу.

47-годишниот Беноа Лекомте е добро познат во ултра долгите пливачки подвизи откако во 1998 година после 73 дена на отворен океан заедно со помошта од неговата екипа на помошниот брод стана првиот човек кој го има препливано Атлантскиот Океан.

За постигнување на овој подвиг долг околу 6000 километри тој пливал скоро секој од овие денови со полно работно време или околу 8 часа пливање. Иако имаше доста контроверзи околу рекордот, тој се уште стои како првиот човек кој го има направено ова достигнување. 

Оваа есен тој повторно планира уште поголем предизвик, 8800 километри долго минување на Пацификот, од Токио до Сан Франциско. На крајот од септември неговиот план е заедно со екипажот да се тргне на шестмесечно патување чија цел ќе биде покренување на свеста околу загадување на светските води, нешто што драстично се има зголемено во последните 100 години. 

Во разговор со „Кварц” тој открива дека најголемиот проблем во ваквите предизвици не е физичката спремност, логистиката или другите опасности кои ги нуди океанот, туку едноставно - досадата.

„Цело време се повторува едно те исто. Кога пливаш ти си многу изолиран. Кога пливаш, се врти една иста дразба, секогаш е истата темно сина позадина, истиот звук, истото чувство на вода околу тебе.” - вели Беноа.

За да се справи со овој проблем Бен има воспоставено режим на мисловни активности кои го занимаваат за време на осумчасовното пливање на ден. 

„Тоа е како да одиш на училиште, за секој час имам различен предмет на кој се фокусирам. Пробувам целосно да се пренесам во тоа што го замислувам. Пример, ако се фокусирам на настан кој што сум го уживал во минатото, на пример роденден, се обидувам целосно да ги осетам сензациите. Се обидувам да се потсетам на тоа дали ми било сончево и топло на мојата кожа, што сум намирисал, што сум слушнал...

Друга голема опасност на ова патување ќе биде и можноста од средба со ајкули бидејќи траекторијата по која Бен треба да плива влегува во дел од зоната на миграција на големата бела ајкула. 

Следете го Бен на - The Longest Swim 

28 Август 2015

За авторот