Екологика

Наслов

Вака се садат дрва

Како инспирација за денот на дрвото што треба да се одржи денеска, запознајте го човекот кој сам си посадил цела шума која денеска е поголема од Централ Парк во Њујорк.

Сè започнало во 1979 со сонот на овој човек да посади дрва на пусто земјиште каде мали животни и птици ќе можат да си направат свој дом.

Следејќи го сонот, Јадав Пајенг почнал редовно да сади млади стебла, кои денеска се израснати во огромна шума распостранета на 550 хектари, во која живеат слонови, тигри, носорози, елени, голем број птици и мали животни создавајќи цел екосистем кој е од витално значење за регионот.

Откако била откриена неговата сторија, човекот добил голем број признанија, а едно од тие е титулата "the Forest Man of India" во превод „Шумскиот човек“, служејќи како пример за посветеноста на еден човек да го заштити регионот во кој живее од природни катастрофи. 

Сепак, најголемиот проблем за него и неговата мисија сè уште претставува човекот и алчноста за можниот економски бенефит кој може да се добие од сечењето на шумата и ловењето на животните кои живеат во неа.

Во продолжение, одличната документарка за неговата сторија:

26 Ноември 2014

За авторот